Метеоролошкиот сервис Акјуведер (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.
Според прогнозата на овој сервис, подрачјето на Балканот и Jугоисточна Европа го очекува натпросечно топла и сува зима.
Исклучок ќе биде Грција, каде ќе има повремени продори на студен воздух и обилни дождови, пишува AccuWeather.
Северна Европа оваа зима ја очекуваат силни бури со урагански ветрови и обилни врнежи. Во Обединетото Кралство и делови од Скандинавија постои опасност од поплави предизвикани поради бура, а најзагрозени подрачја се Кардиф, Манчестер, Белфаст и Глазгов.
Финска и Украина може да ги погоди сибирски антициклон што може да донесе сибирски студ.
На подрачјето на Германија и Франција, се очекуваат обилни дождови. Ризикот од силни бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува мирно време.
Од следната недела, Европа ќе ја зафати ладен воздух од Арктикот кој ќе доведе до промена на времето и пониски температури.
Comments are closed for this post.