Најубавите балетски дела, „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ се дел од Балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ кој ќе се одржи во петок во Националната опера и балет.

Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Билетите се во строго ограничен број.