Додека северната хемисфера зборува за „бел Божик“, за снежно невреме и студови, на јужната хемисфера, поточно во Австралија владее пеколно лето. Метеоролозите велат дека топлотни рекорди се уриваат, а на некои места е измерена температура од 49 Целзиусови степени во сенка. Се очекува осум дена по ред температурата да биде повеќе од 45 степени.

Медиумите велат дека климатизерите се најдобриот пријател на Австралијците овој Божик. Во меѓу време издадена е и опасност од пожари.

Во делови на државата Викторија се измерени температури над 40 степени четири дена по ред, што е за прв пат по 90 години. Најтопла точка била Марбл Бар каде се измерени највисоките 49Ц.