Било кој друг, да беше на негово место, би рекол дека жали што изгубил милиони на коцкање, но Аца Лукас стои зад неговите постапки и пороци, па изјави дека ако повторно се родил, се би правел исто. Не крие дека користел опијати, посетувал бордели, но и дека изгубил повеќе од 70 милиони долари на коцкање.
Некои ми велат дека си го прокоцкал станот во Белград. Човеку, си мислам пријателе, колку сум среќен што сум прокоцкал само стан. Прокоцкав цела населба во Белград. Една населба, најскапата.
Ама добро, што ќе правиш, јас сум. Сам ги заработив, сам ги прокоцкав. Не должам 70 милиони, тоа се мои пари, заработив повеќе од тоа. Ги обезбедив децата. Секој има се што му треба. Си создадов живот за себе, моите деца имаат се што треба да имаат.
Comments are closed for this post.