Тимот на „Медена земја“ ги прави последните подготовски пред заминувањето во САД на доделувањето на Оскарите в недела.Главна хероина Атиџе доби и нова фризура и сега таа изледа навистина холивудски.
Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии- напишаа од фризерското студио „Ив“ под објавените фотографии со Атиџе.
Comments are closed for this post.