Од денес (петок, 19 март) до 31 март во ЕУ резиденцијата ќе биде отворена групната изложба „Art of Boredom“.
„Изолацијата што произлезе од неопходното ограничување на движењето во текот на минатата година неизбежно доведе до чувства на здодевност и монотонија, истовремено свртувајќи го вниманието кон себеси, кон прашањата на самоконтролата и интроспекцијата. Кај некои уметници овие чувства доведоа до преиспитување на чувството на припаѓање или предизвикаа креативна криза. Пред сè, преку себеиспитување и креирање идеи и предмети, уметниците се обидоа да ја потврдат својата присутност во празнината што произлезе од пандемијата“, се вели во најавата за изложбата која е во организација на Акантус Галерија, Студио Вирту и Делегацијата на Европската Унија.
Организаторите велат дека поканиле повеќе локални уметници да ги претстават своите одговори на оваа тема во градината на сегашната резиденција на ЕУ.
Нашиот избор на уметници покажува повеќе различни одговори на темата на здодевноста; исто така, обезбедува широк избор од квалитетни уметнички дела. Петар Хаџи Бошков, Маргарита Киселичка, Сашо Саздовски, Гоце Наневски, Моника Мотеска, Филип Велковски, Јасмина Главинче, Игор Таневски, Давид Атанасоски, Антонио Пиркоски и Александар Ефтимовски се уметници што претставуваат различни генерации – предводници на современата уметноста со докажана умешност и проникливост, како реномирани уметници што доаѓаат од средната генерација, но и млади уметници што се школувани низ призмата на уметноста во денешно време. Положбата на нивните дела во изложбениот простор евоцира хронологија и искуство и ја одразува трагата што тие ја оставиле во областа на современото вајарство и сликарство во Северна Македонија“, стои во најатава.
Отворено за посетители: среда – петок од 15 до 18 ч., сабота од 13 до 16 ч.
Посетите може да траат до 30 минути. Ќе се издаваат само 10 билети за секој период од 30 минути.
Ве молиме да имате на ум дека постои ограничен простор за паркирање на локацијата. Исто така, поради безбедносни причини, дозволено е да се носат само мали чанти. Посетителите треба да се идентификуваат со лична карта. Настанот е организиран во согласност со мерките за превенција на КОВИД-19. Од сите посетители се бара да ги почитуваат овие мерки“, стои во најавата.
Comments are closed for this post.