Холивудските ѕвезди, Анџелина Џоли и Бред Пит, ќе мора да одат на суд, откако со месеци не успеаа да се договорат околу старателството над децата и поделбата на своето богатство. Постапката за расчистување на односите на популарната двојка „Бранџелина“ ќе почне во декември, кога судот ќе треба да одлучи за старателството над шесте деца и за поделбата на заедничкиот имот.

Бред и Анџелина беа заедно 11 години, а се венчаа во 2014 година и тоа без предбрачен договор. Нивни деца се Медокс (17), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12)  и 10-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

Пред судот ќе се спротивстават Анџелина со своето барање за исклучиво старателство на децата и Бред, кој се обидува да издејствува заедничко.