Главоболки, вртоглавици, делумно губење на слухот, мачнини…и по правило жалби за неснослив чуден звук ги прогонуваше американските дипломати во Куба (и на други места) по неколку дена. Американската амбасада во Хавана се преполови, а само што беше отворена по обновувањето на дипломатските односи. Вашингтон сериозно се сомневаше дека најверојатно станува збор за напад со тајно оружје, за некаков уред кој напаѓа со специфични фреквенции кои мозокот не може да ги поднесе….

Но, сега по речиси две години најразлични сценарија, американските научници излегуваат со решение – и тоа какво!

Но, како сега да се прифати тој одговор на експертите, кој изгледа толку смешен, па дури и навредлив за тие што работат во дипломатското претставништво. Но, што е тука – виновникот е еден специфичен вид индиски краткоопашест штурец (Anurogryllus celerinictus) кој произведува звуци на сечење метал, на нешто што го прободува мозокот.

Оваа верзија се уште не е официјално прифатена од дипломатите на САД, но сите работи одат во таа насока, особено сега откако целиот случај влезе во поладни води. Значи, штурец. Направена е и аудио снимка на која можете да се уверите за што, односно за каков напад, станува збор. Инаку, тој вид штурец се среќава во делови на Латинска Америка, а го има и на Флорида, Јамајка и на Големите Кајмани.

Испуштаат толку силен звук што може да се слушне и доколку возите камион на автопат.