Американската поетеса Луиз Глик е годинашната добитничка на Нобеловата награда за литература.

Нобеловиот комитет објави дека 77-годишната Глик ја добива наградата за „нејзиниот непогрешлив поетски глас кој со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“.

Глик е една од најнаградуваните американски писателки, која ги има добиено сите големи литературни награди и признанија во САД и често ја опишуваат како автобиографска поетеса. Во 1993 година ја освои и Пулицеровата награда за поезија.

Глик е 16. жена која ја освојува оваа награда.