Легендарниот француски актер Ален Делон ја прими почесната награда „Златна палма“ за севкупен придонес во филмската уметност. На свечената церемонија, што се одржа синоќа, Делон се расплака при примањето на наградата и и се заблагодари на публиката.
Одамна не сум се расплакал, рече 83-годишниот актер.
Првично Делон ја откажа наградата, сметајќи дека таа треба да им припадне на режисерите со кои работел-Жан Пјер Мелвил, Лучијано Висконти и др. Меѓутоа, пред неколку месеци тој разговарал со директорот на Канскиот фестивал Тиери Фремо кога дознал дека тие режисери не се веќе меѓу живите.
Делон е симбол на францускиот филм. Негови партнери во долгогодишната кариера биле Лино Вентура, Жан Габен, Роми Шнајдер, Жан Пол Белмондо, Чарлс Бронсон, Тоширо Мифуне, Урсула Андерс, Берт Ланкестер, Клаудија Кардинале…Ален Делон е добитник на наградата „Цезар“ за филмот „Нашата историја“ и првата награда на Меѓународниот Берлински филмски фестивал. Најпознати негови улоги се во филмовите „Роко и неговите браќа“ (1960 год.), „Гепардот“, „Самурај“…
Comments are closed for this post.