Три акварели насликани од германскиот нацистички лидер, Адолф Хитлер, ќе се најдат на аукциска продажба во Берлин.

Делата, коишто се изработени на почетокот на 20. век додека Хитлер живеел во Минхен, според експертите, немаат никаква уметничка вредност, но поради нивниот автор може да достигнат суми и од неколку илјадници евра.

Се очекува на аукцијата да се јават поголем број заинтересирани купувачи од Велика Британија, САД, Русија и скандинавските држави и тоа пред се преку интернет.

Продавачите на сликите побарале да останат анонимни.