Струмичките актери излегуваат на протести, а паралелно битката ќе ја водат и по правно институционален  пат имајки во предвид дека се сомневаат во документите од кандидатурата на избраниот директор на Центарот за култура Антон Панов.

Вака најавија актерите  откако  од министерството за култура не добија одговор во врска со нивното барање за поништување на конкурсот за збор на директор.

Од министерството за култура кои до вчера си дадоа рок за да се најде најдоброто можно решение одговорија дека според постоечкиот закон не постои правен основ за поништување на огласот а новоизбраниот директор се согласил на предлог на вработените да именува уметнички раководители во центарот

Освен во Струмица и во тетовскиот Центар за култра за директор е избран фискултурец. Станува збор за Арлинд Хусеини  кој магистрирал и по спротски менаџмент а во последните 8 години работел како шеф на кабинтетот на државниот секреатар при министерството за култура.