По две години ревии надвор, во Париз и во Шангај, „ангелите“ на Викторијас сикрет се вратија во базата- Њујорк каде блеснаа на модната писта со најновата долна облека. Велат ова била најдобра и најсекси ревија на познатиот моден бренд на долна облека.

Спектакуларното шоу беше во знакот на Адријана Лима, која реши да ги „затвори крилјата“, односно нема да настапува на модни ревизии за Викторијас сикрет, и на Кендал Џенер, која во Њујорк имаше своја вечер. Светскиот печат едноставно објави – „Ноќ на Кендал“.

По 20 години поминати на модната писта на Викторијас сикрет, Лима, една од иконите на модниот бренд, објави дека тоа и е последно шоу.

 

„Драга Викторија, благодарам што ми го откри светот, ги сподели тајните, и најважно, не само што ми даде крилја, но ме научи да летам“, напиша Адријана на Инстаграм.

И ако Адријана Лима можеби ги затвора крилјата, тогаш Кендал Џенер сигурно ги отвора, докажувајќи дека таа се враќа на пистите за доброто на сите. Светските медиуми не криеја дека се воодушеви од неа истакнувајќи дека помалата сестра на Ким Кардашијан блесна оставајќи ги сите модели зад себе.

Кендал Џенер ги засени сите