По повод 700-тата годишнина од смртта на најголемиот италијански поет и книжевник, Данте Агилиери, италијанската амбасада организира бројни настани. Стартуваат денеска. Со почеток во 17 часот се одржува онлајн настан отворен за пошироката публика, (за да учествувате обратете се на segreteria.skopje@esteri.it) за време на кој ќе бидат презентирани:
– аудио книга, реализирана во соработка со Институтот Данте Алигиери во Скопје и Здружението Флуктус, со интегрален превод на македонски јазик на првиот дел од Божествената Комедија, Пеколот. Аудио книгата е достапна доколку се регистрирате на платформата www.samoglas.mk.
– конкурс организиран во соработка со Институтот Данте Алигиери во Скопје наменет за македонски студенти за креирање на уметнички постер по повод 700-тиот јубилеј од смртта на Данте Алигиери. Информациите за конкурсот ќе бидат објавени на италијански, македонски и албански јазик на веб страницата и социјалните медиуми на Амбасадата на Италија и Институтот Данте Алигиери во Скопје;
– Излагање на режисерот Лука Кортина на тема популарноста на Божествената Комедија во четиринаесеттиот век;
– Ќе следат семинари и работилници посветени на делата на Данте, организирани од страна на Универзитетот во Штип.
Агилиери е писател на многу значајни дела напишани на италијански и латински јазик, но пред сè на монументалната поема Божествена Комедија, која претставува едно од најзначајните литературни дела на сите времиња во кое се раскажува за патување во задгробниот живот. Во поемата, поделена на три дела – Пекол, Чистилиште и Рај, се претставени религиозните и филозофски концепти на тој период и се среќаваат бројни познати личности од Италија и современици на авторот, коишто се трансформираат во универзални архетипови, дотаму што тие дури и денес се актуелни.
Comments are closed for this post.