Оваа година се одбележува 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен (17 Декември 1770 година), еден од најголемите музички композитори на Германската нација и на целото човештво.
Во Охрид со неколку пригодни настани симболично му беше оддадена почит на овој музички гениј.
Во овој проект ангажирaвме вкупно 250 уметници од Охрид, кои пленат со својот талент, ентузијазам, но и со љубов кон својот град. Во ова време на страшни премрежија, страв и неизвесност, сите заедно ќе ја пренесеме на светот нашата пораката за мир, здравје и подобра иднина, вели проф. д-р Зоран Тунтев од Лајонс клубот „Лихнидос’
Изведбата е на охридскиот музички еснаф, а пејат: Жармена и Ѓоко Танески.
Comments are closed for this post.