На гробишта во Унгарија, спортско одмерување на силите на несекојдневен настан во кој гробари се натпреваруваа да докажат дека се најбрзи и најдобри во бизнисот.

На стартните позиции осумнаесет двојки чекаа да биде извлечено нивното име пред да се впуштат во ископ на прецизен гроб со точни пропорции што е можно побрзо.

Мислам дека ова е морбидно, изјави за Ројтерс заменик-претседателот на Здружението на унгарските претприемачи, Золтан Јурачик.

Натпреварот се одржа на шумските гробишта во Дебрецен, најголемиот град во Унгарија по Будимпешта.

„Ова е професија, а колегите кои се натпреваруваат денес се горди и заслужуваат наша почит“.

За помалку од половина час, локалниот тим кој уживаше во домашната предност го заврши својот гроб, а на некои од копачите им требаше и повеќе од еден час. Потоа гробовите беа оценувани дали се по пропис со должина од 200 см, ширина 80 см и длабочина од 160 см.

Победничкиот тим освои учество на меѓународен турнир против Полска, Словачка и Чешка.

Натпреварот е наменет за популаризација на професијата и привлекување на млади луѓе истата да ја работат, со оглед на тоа што сè уште мора да се изврши „на рака“ во преполни гробишта каде механички копачи не можат да го направат тоа.

Еден од натпреварувачите, Ксаба Халас (21), копањето гробови го започнал како летна работа веднаш по завршувањето на средното училиште. Иако дипломирал физичко образование, тој останал во бизнисот.

„Работата ме избра. Се чини тешко, но навстина се исплати. Блиските на починатите секој пат ми приоѓаат и ми се заблагодаруваат. Професијата едноставно ме привлече, вели Халас.