Oд австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи било доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена.
Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и македонско државјанство и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај, се вели во сооштението на МВР.
Од МВР додаваат дека остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц.
Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба, се вели во сопштението.
Comments are closed for this post.