Во десет часот во Кривичниот суд продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. И денеска ќе се испитуваат сведоци на Обвинителството.
На минатото рочиште инспекторите во СВР Скопје и Велес посочија дека двајца од осомничените ги довеле до телата на Вања и Панче.
На началникот Калишиќќ цело време му било чудно однесувањето на таткото на Вања кој бил конфузен, додека мајката Зорица била смирена и прибрана.
Грабнувачите не користеле мобилен телефон туку дека користеле радио врска, односно „моторола“.
Каишиќ потврди и дека го нема пиштолот со кој е убиено девојчето, но и дека недостига една лопата.
Информацијата дека Вања е убиена и каде е закопана началникот ја дознал од обвинетиот Влатко Кешишов. Тој сам се понудил да го однесе во селото Бразда, но да не дознае Палчо оти може да го убие.
Comments are closed for this post.