Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда” и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Од страна на лицето М. Г. од Скопје на ден 05.04.2024 пријавено е дека од месец ноември 2023 година па се до денот на пријавување му се изнудуваат парични средства со сериозни закани по живот од страна на лицето И. Ј. од Скопје, на којшто до овој момент оштетениот му има исплатено парични средства во вредност од 180 000 евра, објави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада.
Во врска со пријавениот настан на ден 05.04.2023 година околу 17.00 часот по претходен договор помеѓу истите и побарување на парични средства, на ул. Симеон Кавракиров во Скопје лицето М. Г. му предаде 500 евра на И. Ј. кои претходно беа криминалистичко-технички обработени, по што во заедничка соработка на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при ОСОСК и Единицата за Насилен Криминал при СВР Скопје лицето И. Ј. беше лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување во ПС Кисела Вода.
На 06.04.2024 година, од страна на ЕНК при СВР Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело ,,Изнуда” по чл. 258 од КЗ, при што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот И. Ј. му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Comments are closed for this post.