Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов обидувајќи се да го долови степенот на корумпираност во македонските затоври објави инцидент кој се случил во затворот во Штип.
Според тоа што го кажа Пандов на прес-конференција во Владата, на 20-ти февруари пред затворот дошло возило. Затворскиот полицаец не запишува кој се појавил.
На видеото ќе видите дека од возилото излегува едно лице кое што доаѓа до ѕидот на затворот и преку ѕидот префрлува топка. На тревникот во затворот се појавувааат затвореници со иницијали Ж.Ж. и уште затвореник со инцијали Р.К. Двајцата бараат нешто низ тревникот. Се појавува затворски полицаец кој им вели дека не треба да се наоѓаат во тој дел од затворот во тој момент. По наредба на командирот, се повикани уште четворица затворски полицајци. Ж.Ж и понатаму говори на телефон и бара на тревникот и се поздравува со полицајците. Истите тие затворски полицајци се вклучуваат во потрагата низтревникот од затворот, истакна Пандов.
Наредниот ден и понатаму не ја наоѓаат топката, како што вели директорот на УИС. Во топката биле пронајдени 35 грама кокаин и околу 50 грама марихуана.
Кога директорот ги прашува лицата што барале, објаснувањата е дека затвореникот Ж.Ж. си играл со кучката Цеца во затворот и дека имал скап часовник кој што не го пријавил кога е донесен во затворот. Рекол дека кучката му го земала часовникот и побегнала по тревата и лицата му помогнале за да го побараат. По наредба на директорот формирана е Дисциплинска комисија. Одлучено е дека тројца од полицајците иако треба да бидат казнети, но за жал, не пронаоѓаат вина и веруваат дека они го барале часовникот. Тројца членови на Дисциплинската комисија гласале дека не се виновни полицајците, кажа Пандов и очекува адекватна санкција за сите инволвирани.
Идентификувани се лицата кои го возеле возилото и ја префрлиле топката со дрогата.
Пандов рече дека целата документација за случајот е предадена во Јавното обвинителство каде е поденсена и кривична пријава.
Comments are closed for this post.