Повеќе пациенти од катастрофалниот пожар во Кочани се префрлени во скопските клиники и болници.

Пациенти се префрлени во болницата 8-ми септември во Скопје и лекарските тимови се подготвени, ни потврдија од болницата.

Дел од повредените се пренесени во болницата во Штип.

Засега се уште нема официјални информации за бројот на настрадани во пожарот кој се случил за време на концерт во дискотека во Кочани.