Балканските аеродроми стануваат глобален играч во светот, низ чии локации интернационалнитекриминалци со зголемена динамика се шверцуваат, пари дрога и илегални средства.

Овие наодисе публикувани денеска во најново истражување на австриската огранизација – Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК). Документот насловенкако “Фатиме ако можеш” изготвен од страна на авторот Руџеро Скатуро подвлекува декааеродромите во Македонија но и во регионот прераснале во клучни транзитни точки накримианл, вклучувајќи трговија со наркотици, шверц на луѓе и перење пари.

Во документот публикуван на дваесетина стрници Скатуро истакнува дека постои ранливост набалканските аеродроми кои криминалците ја експлоатираат бидејќи овие воздушни граници се транзитна точка за илегални активности кои ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Азија.

Документот нотира дека стратегиската локација на регионот, е идеална за делување на интернационалните мафии бидејќи тие профитираат од порозните граници и слабата полициска контрола.

Публикацијата во своите наоди идентификува неколку клучни фактори кои придонесуваат зазголемувањето на илегалните протоци преку балканските аеродроми. Меѓу нив се зголемувањетона бројот на летовите на нискобуџетните авиокомпании, кои го олеснуваат пристапот довоздушното патување на голем број на луѓе,тука вклучувајќи и криминалци и недостатокот наефикасни мерки за превенција на криминал на некој од балканските аеродроми.

Во својот заклучок документот публикува и препораки адресирани до државите и меѓународнатазаедница за тоа како да се ублажат потенцијалните ризици од илегалните протоци на Балканот.

Глобалната Иницијатива препорачува дека на Балканот му е потребна продлабочена полицискасоработка на аеродромите, неопходно е да се зголеми капацитетот на обезбедувањето нааеродромските објекти, да се изврши засилување на правните механизми на државите одрегионот за подобрување на казнената политика на лицата кои се замешани во илегалниактивности спроведени на овие локации и да се зголемат инвестициите техниката и социјалнатастабилнсот на полициската заедница која работи на аеродромите.