Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски наместо денеска ќе започне на 20 септември, одлучи судечкиот судија на предметот Ивица Стефановски.
Судијата Стефановски го профати предлогот на обвинителката Жаклина Крстевска – Јосифовска да се спојат двата предмети.
Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата и на барање на Обвинителството ги спои во една постапка во која покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Сите пет обвинети во овој случај, кој многу ја потресе јавноста, ќе дадат воведни обраќања на првото рочиште на 20 септември.
Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.
Малолетната Вања и велешан
Comments are closed for this post.