Јас сум еден од основачите на партијата Десна изјави денеска сведокот Стефан Димковски. Со Палевски се познаваме од 2017 година, а комунициравме преку Фејсбук, Телеграм и на телефон, рече сведокот на рочиштето.

-Палевски ми се јави на први декември на Телеграм и побара да го земам од Белград каде ми рече дека е на прегледи. Се согласив. Рече дека треба да го вратам во Скопје. Медицинска документација не видов дали носеше. него имаше два, телефони, од кои еден странски број, српски.

Пред Ниш му рекол дека мора да влезат таму.

Зборуваа со адвокатот Влатко. Тогаш ми кажа дека се променил планот и дека ќе мора да оди во Турција на операција. Ми понуди да го “џитнам” за Турција. Ми рече да го однесам до некој Турчин кој знаел македонски и тој ќе го носел по клиники. Во која болница не ми кажа-објасни сведокот.

На граничните премини немале никакви проблеми, единствено Палевски на бугарската граница го повикале да даде адреса каде ќе престојува. Во Турција се сместиле во некоја куќа.

Ми рече дека куќата ја земал под наем за 150 евра за три месеци. Тоа беше една стара куќа. Со себе имаше три торби. Ми рече дека една торба е со опрема и оти планирал и оттаму да прави поткаст-објасни сведокот кој на трети декември си заминал од Турција.

-Пред заминување ми кажа дека имало некави “дешавки” за девојчето во Скопје што е исчезнато и оти му го лепат него- откри сведокот.

Вечерта сведокот открил што се случило од линкови што му ги праќале пријатели.

-Кога, видов се, онесвестив во хотелот да ви кажам право. Му се јавив на Палчо да го прашам што се случило и тој ми рече дека е “сачекуша” голема, откри сведокот.

Додека биле во Турција му рекол нешто невообичаено.

-Не знам, што ми смислиле овие, можеби ќе треба да размислувам за политички азил во Белорусија. Не знам што ми смислил Оливер Спасовски-му рекол Палчо на Димковски.