Македонските граѓани, при валидни и важечки лични документи, се принудени да вадат нови заради власта на СДС, која ги обврзува да го сторат тоа до февруари. Едно просечно семејство за да извади нови документи треба да потроши над 180 евра, многу време и нерви, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Сликите од редици на граѓани кои брзаат да извадат документи потсетуваат на некоја земја од третиот свет, каде што пред хангари, во девалвирачки услови под секое достоинство граѓаните чекаат редици со часови.
За ова директна одговорност имаат Оливер Спасовски и владата на СДС. Патем да биде поапсурдно подобри услови за вадење на документи имаа 215 белосветски криминалци, нарко-дилери, убијци, мафијаши и слични ликови кои добија гланц нови пасоши од просториите на МВР со злоупотребен идентитет, пред само некое време. Тие криминалци имаа ВИП третман во споредба со македонските граѓани кои на дожд, ветер и студено време чекаат пред хангар да се сликаат за документ, бидејќи власта на СДС ги обврзува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.