Главна тема на муабет во Скопје е вчерашната престрелка во трговскиот центар „Ист Гејт“ каде еден од ранетите е Раде Трајковски – Штекли дел од „Барон“ криминалната група од Чаир. Тој и уште едно лице се борат за живот а од видеото се гледа дека врз нив е пукано од зад грб додека од теретаната на молот низ подвижните скали се упатувале кон паркингот.
Оваа пукотница постарите ги потсети на она што се случуваше во Белград во деведесеттите години кога секојдневно се случуваа убиства.
И ова ништо не би било чудно ако до само пред неколку дена Спасовски не нѐ убедуваше дека целосно се разбиени криминалните групи од Чаир и Грчец. Штекли доаѓа токму од чаирската група „Барон“.
Најголемите криминални групи и структури во државата во Скопје, познатите групи од Грчец, од Арачиново и од Чаир се скоро целосно разбиени и на тој начин дадовме еден сериозен одговор за тоа каква е намерата на државата да се справи со најтешките облици на криминалитет, а тоа е, секако, трговијата со дрога“,рече Спасовски.
Comments are closed for this post.