Огромен и отровен црн чад се крева над пожарот во Визбегово, каде веќе неколку часа гори голема депонија. Силниот ветер кој денеска дува низ Скопје само ги разгорува пламените.
Од ЦУК известуваат дека во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен. Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, велат од ЦУК.
Во моментов се интервенира од страна на екипи на БППЗ на Град Скопје.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати, вчера откри дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места ашле запалени палети и им мирисало на бензин.
Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Анггелов синоќа во гостување на телевизија Телма.
Пожарот во Чучер Сандево денеска е угаснат, но некој упорно е решен Скопје да гори!
Comments are closed for this post.