Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. Според информациите Милан, најстариот син на Мукоски излетал со возило од патот кон вевчани синоќа околу 1 часот по полноќ.
На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.
Comments are closed for this post.