Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) неодамна ги објавуи својот извештај насловени како „Нелегални финансиски текови во Македонија, Албанија и Косово“ кој ги разоткрива жариштата, клучни причинители но и моментални трендови на делување на организираниот криминал во земјите од регионот.

Во своја изјава за Пресинг Александар Србиновски, преставникот на Глобалната иницијатива за Македонија вели дека она што е битно за последниот извештај е фактот дека се потврдуваат инофрмациите на индексот за перцепција корупцијата за 2019 година, „низ целиот регион, земјите доживуваат ограничена поделба на власта, постои злоупотреба на државните ресурси за изборни цели, има нетранспарентно финансирање на политичките партии и судир на интереси“.

Според Србиновски оценките се дека во Македонија Албанија и Косово елитите ги заобиколуваат политичките, економските и регулаторните системи за да соберат значително богатство и да го одржуваат за сопствена корист, корупцијата е проблем и таа создава криминален екосистем а владеењето на правото не функционира без поддршка од оние што владеат.

Инаку, Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал е непрофитна меѓународна организација која се состои од мрежа од повеќе од 300 независни глобални и регионални експерти. ГИ-ТОК има за цел да отвори нови правци на анализа за да изготви креативни решенија како одговор на предизвиците на организираниот криминал, и да послужи како платформа за размена и соработка помеѓу владите, граѓанското општество, истражувачите, приватниот сектор и другите чинители. Основана во 2013 година со седиште во Женева, и има претставништва на секој континент.