Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше леб за социјално загрозени лица и семејства, како директна помош на најранливите категории граѓани во новонастанатата состојба во земјава.
„Во услови на голема криза со која се соочува државата врзана за пандемијата од корона вирусот, сметавме дека како општествено одговорна компанија треба да помогнеме на оние категории граѓани кои имаат потреба од основни прехранбени производи. Донацијата ја реализираме преку Организацијата на Црвениот крст бидејќи истата располага со податоци и најдобро знае на кои лица или семејства им е потребна ваква помош“, велат од Жито Лукс.
Comments are closed for this post.