Далеку од одлична е работата, зелената нафта стана црна нафта, катран црна. Од 37 денари на 69 денари. Пред очи да не ти се гледа кога ќе одиш во овие Пелагониски села да туриш нафта во тракторот, во комбајнот кај и да е. Треба зад тебе да си носиш вработен во која и да е комерцијална банка и како танкер да биде зад тебе само да те субвенционира со пари за да можеш да си стави нафта за еднаш да пожнееш или да ископаш, појасни Димитар Стевананџија, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Стевананџија образложи дека има зголемени даноци, зголемена акциза, колку е добра ситуацијата во земјоделието, а дај боже да е добра да сте вие во право. Гледате во Ресен. За жал гледате во Кочани. За жал гледате во Росоман. Гледате во Струмица.

Ние ќе бидеме најсреќни ако некоја година земјоделска е добра и ако вие ги исполните ветувањата, потенцира Стевананџија.