Владата забрани работа на рестораните за свадби, но не и свадби во станови, дворови и ресторани кои не се ни близу да ги исполнат условите за организирање свадби. Рече Баки Зеќири, претставник на сопствениците на ресторани за свадби во своето гостување во емисијатан „Економски магазин“.
Според него, свадбените ресторани остануваат еден од секторите најпогодени од пандемијата и дека нивните апликации за работа до Владата не наидуваат на одговор.
Како што сите знаеме, веќе една година престанавме да работиме во нашата професија, неколкупати ги доставувавме своите барања, но наидовме на глуво уво на Владата. Ние бараме прво да започнеме со работа. Нашата работа не е од денес за утре, потребно е време да се извршат подготовките. Бараме од владата да изготви специјални протоколи затоа што ние сме единствениот сектор што цела година сме погодени од пандемијата. А, свадбите не престанаа, ние цело време имаме свадби, свадби кои се одржуваат во станови, дворови и села, рече Зеќири.
Comments are closed for this post.