Ќе има ли нови отпуштања и дополнителен пад на економијата?

Заштитните мерки на ЕУ за челикот ќе бидат нов удар за економијата



Сериозен удар на економијата ќе значат  ЕУ квотите за алуминиум и челик. Ова  е ставот на македонските производители, по информацијата дека Европската Унија  воведува заштитни мерки за увоз на на производи од челик, алуминиум и железо со кои е опфатена и Република Македонија, односно  се воведуваат квоти за извоз на овие производи во ЕУ кои откако ќе бидат исполнети се воведува царина од дури 25%.

Митко Кочовски од Макстил вели дека можноста за пласман на македонските пазари е органичена, односно дека 70% се пласира на европскиот пазар и алтернативен пазар нема. На овој начин ќе се намали учеството на оваа индустрија во преработувачкиот сектор.  Погодени ќе бидат и над илјада вработени во оваа индустрија, вели Кочовски од Макстил. Од Макстил ја потврдуваат прогнозата на вицепремиерот Османи дека загубите на Македонија годишно би биле над сто милиони евра.

 И додека, засегнатите компании стратуваат за  последиците од ограничувањата на  извозот на челикот , министерот за финансии Драган Тевдовски  не очекува квотите од ЕУ за македонскиот алуминиум и челик да се одразат негативно за економијата.

Вели дека  најавата од Европската Унија да воведе квоти со кои се ограничува извоз на челик и на алуминиум од Македонија во Европската Унија во рок од три години е процес кој не е завршен и се надева тоа нема да се одрази на планираниот економски раст.

Тој процес сè уште не е завршен, се одвива преку Министерството за економија и со вицепремиерот за европски прашања, секако и Министерство за финансии ќе помогне во тој дел. Очекуваме дека тоа нема да се одрази неповолно на економијата и сметам дека сè уште има простор да се избориме поповолна состојба, рече Тевдовски

Македонија заедно со Турција и Русија спаѓа во групата на која ЕУ воведе заштитни мерки со кои се ограничува увозот на челик и алуминиум. Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, а овие конечните ќе траат 3 години.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Николоски: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста

пред 4 дена
Економија

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

пред 5 дена
Економија

Во Македонија се точи најевтин дизел во регионот

пред 5 дена
Економија

Meнкиноски: Ако сум ја загрозил националната безбедност на Бугарија, по аналогија сум ја загрозил и на Македонија бидејќи сме НАТО сојузници

пред 6 дена
Економија

Bојната во Иран си го направи своето: Секаде во светот нафтата дивее, Македонија со најниски цени

пред 1 нед.
Економија

Во Македонија се случува градежен бум

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте

пред 1 нед.
Економија

Oва се 22-те нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром

пред 3 недели
Економија

Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

пред 3 недели
Економија

Јавниот долг 59,6 проценти од БДП

пред 1 месец