Премиерот Заев нагласи дека со мерката  ,,Мој  ДДВ”, која стартуваше од 1 јули годинава се повеќе пари ќе се вратат кај граѓаните.

,,Реализацијата на мерката ,,Мој ДДВ” е одлична. За кратко време веќе има
многу граѓани кои се вклучени. Веруваме дека со употребата на оваа мерка, граѓаните ќе одиграат значајна улога во надминувањето на сивата економија и квалитетни пари ќе се вратат кај граѓаните”, оцени премиерот Заев додавајќи дека ова е ,,елегантен начин”, без казни да се надмине сивата економија.