Заев владее со криминал и корупција, затоа Македонија е во рецесија, вели Мицкоски

20.05.2021 / 15:43


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ништо драматично нема да се промени во економијата со оваа влада и ние се уште ќе бидеме во рецесија односно БДП во минус.

Тој тоа го изјави при посетата во Штип, одговарајќи на новинарско прашање, при што посочи дека не е оптимист дека ќе има подобрување за овој квартал, а своето мислење го базира имајќи ги предвид параметрите кои се однесуваат на индустриското производство, преработувачката индустрија, странските инвестиции итн.

Мицкоски накратко ги анализираше владите на ВМРО-ДПМНЕ и владата на СДСМ и Зоран Заев при што посочи дека за време на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, парите кои се позајмувале биле вложени во стопанството и се генерирала додадена вредност, додека со СДСМ нема таква работа, а парите се украдени.

Јасно и кратко да објаснам, анализирав два периода. Првиот период се владите на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот период е владата на СДСМ предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски. Во првиот период БДП, односно што го произведуваат граѓаните пораснало за 4,2 милијарди евра, а долгот во тој период пораснал за 2,9 милијарди, што значи дека тоа што се позајмило било вложено во стопанството и генерирало додадена вредност. Додека пак во вториот период на владата на СДСМ и Зоран Заев имаме 700 милиони вера раст на БДП, но и раст на долгот од 1,7 милијарди евра, што значи дека немаме додадена вредност, туку одземена вредност од 1 милијарда евра, рече Мицкоски.

Тој истакна дека тоа се украдени пари, кои некаде во кеш сега се складирани и пари кои оваа влада ги злоупотреби.

Ако некој има било какви дилеми како владее Зоран Заев овие бројки го даваат одговорот на таа дилема со многу криминал, многу корупција и пљачка, нагласи Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Николоски: Македонија инвестира над 5 милијарди евра само за коридорите 8 и 10

пред 1 час
Економија

Николоски: Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 

пред 6 дена
Економија

Mицкоски за потрошувачката кошничка: Јас сум убеден и свесен дека таа кошничка го содржи е она што е минимално потребно за да се помине месецот

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ – отвора 2.000 работни места во Битола за производство на делови за „Ауди“

пред 2 недели
Економија

Совет: Еве каде да ги вложите парите

пред 2 недели
Економија

Мицкоски се надева на 1000 евра просечна плата до крајот на мандатот на оваа влада

пред 2 недели
Економија

Николоски: Инвестициите во железницата се реализираат одлично, работиме на пругата кон Исток и на брзата пруга на Коридор 10

пред 3 недели
Економија

Дизелот поевтинува за 4,5 денари

пред 4 недели
Економија

Мицкоски: Економските резултати пристигнуваат – растат БДП, индустријата и туризмот

пред 1 месец
Економија

Славески смирува: Монетарната поставеност останува соодветна, девизните резерви над 5 милијарди евра

пред 1 месец
holiganbetJojobetMarsbahiskingroyaldeneme bonusu veren siteler güncel​jojobetKavbetgamdom girişgamdomjojobetmatbet girişdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerjojobetMarsbahis Girişjojobet girişjojobet girişbetasusbullbahisjojobetDeneme bonusujojobetbetkomjojobetjojobet girişjojobetjojobetmarsbahisjojobet girişjojobet