Премиерот Зоран Заев попладнево посочи дека потпишувањето на договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Грција и Македонија претставува чекор напред кон поразвиена енергетска инфраструктура и придонес кон обезбедување разновидност во снабдувањето со природен гас.
Со договорот се гарантира намерата на владите на двете земји да ја прошират соработката во секторот за гас, преку промовирање на интерконекцијата на гасните системи. Ова е голем чекор напред кон поразвиена енергетска инфраструктура на нашата држава и во регионот и придонес кон обезбедувањето разновидност во снабдувањето со природен гас. За нас, една од главните предности од изградбата на интерконекторот е подобрувањето на сигурноста во снабдувањето и ликвидноста на пазарот на гас во Cеверна Македонија и снабдување со гас од Јужен коридор, напиша Заев на „Фејсбук“.
Договорот беше потпишан денеска во Атина од страна на министерот за економија Крешник Бектеши и грчкиот министер за животна средина и енергија Костас Скрекас.
Comments are closed for this post.