Објави за нови инвестици, пред се странски, во првиот квартал годинава, очекува премиерот Зоран Заев, а првата, како што изјави денеска, ќе биде германска и веројатно ќе биде објавена до крајот на месецов.
Според Заев, се лобира и за влез на голема инвестиција за која се бара локација во регионот.
На прес-конференција во Владата по вчерашното изгласување на уставните измени за Договорот од Преспа со кој треба да се одблокираат интеграциите на државава во НАТО и ЕУ, Заев рече дека Македонија има јасно трасирана иднина и отворен безбеден пат, како најважен предуслов за кој било странски или домашен инвеститор да донесе одлука за инвестирање.
„Во најави се неколку фабрики – дел ги соопштивме. Јас верувам во јануари, феврури и март дека ќе имаме на објави на инвестиции, пред се, странски. Првата странска германска инвестиција веројатно ќе биде објавена до крајот на јануари додека тие не донесат одлука тоа да го направат. Во разговор утрово со советникот во Кабинетот на канцеларката Меркел и веднаш лобиравме за една огромна инвестиција која што во регионот бара локација – Македонија, Србија, Бугарија. Се надевам дека ќе успееме да ги привлечеме овде. Канцеларката Меркел сака да помогне на економски план да почувствуваат граѓаните“, рече Заев.
Comments are closed for this post.