Шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати, најавил инвестиции во државава, објави премиерот Зоран Заев, кој му бил специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот.

Ми беше чест и задоволство да бидам специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).  Шеикот најави инвестиции на ОАЕ во Северна Македонија, а јас во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас, наведе премиерот во објавата.

Како што наведува Заев, со поддршка на шеикот се остварени работни средби со повеќе компании од Дубаи и Абу Даби со кои се отворени можности за економски инвестиции во нашата земја.

За време на посетата, Заев го придружувале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Ми беше чест и задоволство да бидам специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан,…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, June 1, 2019