Неопходно е итно преквалификување на работната сила за македонското и стопанството во Пелагонија, средена инфраструктура и слободен проток на работната сила во регионот, истакна премиерот Зоран Заев по денешната средба во Прилеп со стопанствениците од Прилепско-битолскиот регион.

Според премиерот Заев, Пелагонискиот регион партиципира со 12 проценти во бруто домашниот производ. Отворени се повеќе теми. Мора да се развива продуктивноста и конкуретноста на домашното производство.

-Иако невработеноста е 19,4 проценти во државава, од кои 50 отсто невработени се со основно, околу 26 проценти со средно образование, а најмал е процентот невработени со високо образование. Тоа го крева алармот во државата дека мора брзо да ја квалификуваме работната сила за да имаме економски развој и младите луѓе да најдат образование. Зборувавме за двата модалитета – дуалното образование и потребата да направиме практична едукација. Оваа практична едукација е поддржана со 20 милиони евра преку Агенцијата за вработување, кои бизнисмените може да ги користат како средства. Вториот дел е преку образовниот процес, да има практична едукација во средните стручни училишта. Со законските измени намалени се прекршочните казни при инспекциските контроли и од досегашните максимални казни од 5 000 евра, сега се од 50 до 2 000 евра, односно, повеќе од 60 отсто, но прво со опомена, а потоа казна. Мобилност на квалификуваната работна сила, значи дека дел од нашите квалификувани кадри кои не може овде да најдат работа, но и дел од квалификуваната работна сила од соседрвото овде да најде работа. Тоа е во делот на европската економска агенда.за регионот, но и либерализацијата на визните режими. Тие дебати се отворени во Владата, изјави Заев.