За 10 месеци реализирани се само 41% од капиталните инвестиции предвидени за годинава. Заклучно со октомври, потрошени се 123,5 милиони евра. Ова го покажуваат податоците за извршување на буџетот.
Најголема реализација од 18 милиони евра имало во јули, а најмала во јануари од само 4,6 милиони евра. Владата е оптимист дека следната година ќе имаме многу поголеми инвестиции кај капиталните проекти.
Очекуваме сериозно интензивирање на капиталните проекти, конкретно за наредната година ќе бидат над 300 милиони евра во проекти. Моите очекувања се дека во наредниот период ќе продолжи интензивно соработката, бидејќи на оваа Комора Министерството за транспорт и врски и Владата на РМ гледаат како сериозен партнер”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Поради слабата реализација, со ребалансот на буџетот најголемо кратење се направи токму во оваа ставка. Со ребалансот на буџетот беа скратени околу 100 милиони евра предвидени за капитални инвестиции. Ако останеше првобитниот план од скоро 400 милиони евра за годинава, реализацијата ќе беше уште полоша или само 31 отсто.
Инаку минатата година на презентирањето на Буџетот за оваа година, од владата уверуваа дека капиталните инвестиции во 2018 година ќе имаат најмалу 80% реализација
Comments are closed for this post.