Инфаструктурата и натаму е клучен проблем за поголема соработка помеѓу бизнисмените од земјава, Албанија и Косово. Тие денеска на средба во Скопје побараа од политичарите да ги забрзаат инфраструктурните проекти и да ги намалат процедурите за побрз проток на стока, што ќе резултира со нивна поголема соработка и трговска размена.
Според Неби Хоџа, претседател на Комората на Северозападна Македонија,за бизнисот, е неприфатливо изградбата на автопатот Скопје-Блаце да биде завршена до 2023 година и побара интензивирање на активностите.
Како што наведе министерот за економија Крешник Бектеши, Владата ќе ги разгледа сите сугестии и барања од бизнис заедницата со којашто како и досега и во иднина ќе ги креира заедно идните економски политики и мерки.
Премиерот Зоран Заев оцени дека потенцијалот за соработка на стопaнствениците од државава, Косово и Албанија е огромен.
Тендерот за првата делница од автопатот Скопје – Блаце е распишан, верувам дека до крајот на годинава или почетокот на следната година ќе биде распишан и за вториот дел. Наша намера е со брз интензитет да го изградиме автопатското решение Скопје-Блаце во вкупна должина од 12 километри, рече Заев
Comments are closed for this post.