Министерката за финансии, Нина Ангеловска, зборувајќи за позиционирањето на земјава на 17-то место во најновиот извештај „Дуинг бизнис“, изјави дека Македонија е најдобро рангирана во регионот, а се наоѓа и пред многу земји од Европската унија и затоа не може да се зборува за пад. Седумнаесеттото место што го има Македонија во најновиот извештај е седум места подолу од претходната година.
Не станува збор за пад. Зависи како се гледа и толкува. Добро е кога се споредуваме да ги видиме сите параметри. Северна Македонија е се уште најдобро рангирана во регионот. Ако ги погледнете сите земји од регионот ние сме далеку највисоко поставени. Од друга страна ако се споредиме со членките на ЕУ, 24 земји се под нас. Затоа не може да се зборува за пад. Ако ја видиме листата, ќе видиме колку развиени земји се зад Македонија. Резултатите кажуваат дека сме лидери во регионот и во Европа во однос на условите за основање и водење бизнис – изјави Ангеловска на маргините од регионалниот настан „Патека до инклузивна дигитална економија: како да изградите успешен е-бизнис за жени претприемачи“.
Ангеловска најави дека Владата ќе направи анализи и ќе работи на натамошно поодбрување на сите параметри.
Comments are closed for this post.