Кај договорите за осигурување на живот склучени во 2018 та година, највисока осигурена сума изнесува 300 000 евра, информира денеска Климе Поповски, директор на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Раст кај осигурувањето живот е евидентиран од 29,57 отсто, со склучени 22.264 договори.
На прес конференција во Стопанската комора, Поповски изјави дека минатата година исплатени се бруто штети во износ од 3,92 милијарда денари и во однос на 2017 година бележат раст од 9,53 отсто.
Осигурителниот пазар минатата година, како што посочија Попоски и претседателот на Здружението за осигурување при Стопанската комора на Република Македонија Ѓорѓе Војновиќ има раст на приходите од 10,4 отсто.
Минатата година има раст во сите класи осигурување, а како што беше истакнато има се уште потенцијал за раст на пазарот.
Забележителен раст има кај бруто полисираната премија кај земјоделското осигурување од 65,98 проценти и изнесува 261,02 милиони денари. Растот кај осигурувањето на посевите и плодовите кај индивидуалните земјоделци е 59,05 проценти, додека кај правните земјоделски стопанства 46,30 отсто. Најголем раст, како што рече Попоски, е забележан кај осигурувањето на добитокот и тоа кај индивидуалните земјоделци од 206 отсто, додека кај правните лица од 33 отсто.
Она што очекуваат во 2019 година е нов закон за осигурување што е усогласување со ЕУ и воведување повисоки стандарди, како и окрупнување, што веќе се случува.
Едно преземање има на осигурителна компанија од страна на Халк банка. Во тек се разговори за преземање на уште една осигурителна компанија, а има интерес и од странски инвеститор, рече Попоски.
Comments are closed for this post.