Во Собранието во Комисијата за финансирање и буџет, започна надзорната расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка.
На надзорната расправа се поканети да присуствуваат сопственикот на банката Трифун Костовски, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежовска, како и претседателот на Собранието, координаторите на Пратеничките групи и пратениците кои не се организирани во пратенички групи.
На расправата ќе бидат презентирани документи и детали за тоа што се случувало и како дошло до пропаѓање на банката.
Comments are closed for this post.