Околу 600.000 луѓе во  земјите од поранешна Југославија купуваат производи од тутун на „црниот пазар“, покажува  студијата на Загребскиот економски институт. Тие проценуваат дека ова носи  штета  за даночните приходи од околу 306,7 милиони евра.

Шверцерите и нелегалните продавачи на тутун остваруваат профит од околу 200 милиони евра годишно во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија, се вели во истражувањето спроведено од Институтот преку анкета на 21.000 луѓе.

Најмногу пушачи кои се снабдуваат на „црниот пазар“ се Босна и Херцеговина (254.890), а потоа следат Србија (138.361) и Хрватска (87.703).

“Во текот на изминатите десет години, даночните загуби се најголеми во БиХ и Црна Гора. Секој втор  пушач вели дека купува на„ црниот пазар “заради пониските цени. Две третини од анкетираните велат дека би престанале да купуваат цигари илегално во ситуација на пораст на животниот стандард”, се вели  во истражувањето.

Поради сивиор  пазар на производи од тутун, БиХ претрпе загуби од даночни приходи  од девет проценти од БДП во последните 10 години, Црна Гора од шест проценти и Србија и Хрватска со два проценти од БДП.

Во извештајот се вели дека уличните препродавачи (62%) се главниот канал на сивиот пазар во регионот, каде што пушачите нелегално купуваат производи од тутун.