Во Македонија околу 1.000 стечајци кои 15 години се без денар чекаат обештетување, вели Лилјана Георгиевска од Здружението на стечајни работници УНИТ, пишува Фактор.мк

Станува збор за луѓе кои долги години немаат никакви примања, а најголем дел од нив се од Куманово, Велес и Штип. Георгиевска се надева дека со новиот закон, ќе бидат опфатени оние кои се најстари и најизнемоштени стечајци и дека и тие ќе добијат помош од државата.

Тоа се луѓе кои со години се без примања, и живееја многу тешко, или на товар на децата или од социјална помош. Се надевам дека со новиот закон ќе бидат обештетени. Треба да се седне и да се утврдат критериумите, засега нема детали и не можам ништо повеќе да кажам. Очекувам дека законот ќе излезе во март, за да се аплицира во април, мај, пред да бидат распишани локалните избори. Досега во повеќе наврати беа обештетени околу 13.000 стечајци, вели таа.

Целиот текст овде.