Грчката фирма „Стар Фреш“ од Катерини во Гевгелија отвори погон во кој се конфекционираат  марамчиња за хотели и ресторани.

Дневно во погонот се произведуваат 25.000 влажни марамчиња за еднократна употреба од страна на 15 работници.

Сопствениците на „Стар Фреш“ Христос Тахос и Адамос Ваикопулос најавија дека наскоро ќе бидат вработени уште толку работници.

Тахос е задоволен од ангажманот на вработените во гевгелискиот погон и производството на влажни марамчиња кои главно се пласираат на грчкиот и европскиот пазар. Планира, нагласи, за една година во Гевгелија да изгради сопствен објект и да го зголеми производството на влажни марамчиња за хотели и ресторани за кои веќе постои интерес и на македонскиот пазар