Неспособноста на владата предводена од Зоран Заев удри по грбот на граѓаните. Во ек на корона криза за 5 месеци останаа околу 36.000 граѓани на улица. Ова го укажува и истражувањето на „Рефлектор“ кое ги има истражувано податоците на Агенција за вработување, соопштија од ВМРО ДПМНЕ.

Според податоците на Агенција за вработување, кон крајот на август, 36.362 повеќе лица бараат работа, за разлика од крајот на март кога веќе се затвораа локалите како мерка против пандемијата на коронавирусот. Резултатите покажуваат дека доколку во април Агенцијата за вработување регистрирала 107.732 лица кои активно барале работа, кон крајот на август бројката на лица кои бараат работа е во пораст и изнесува 144.094 лица. Со податоци на Агенција за вработување, во април и мај се зголемил бројот на невработени лица за 12.297.Над 500.000 граѓани живеат на раб на егзистенција, со 40-тина денари на ден, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Податоците исто така укажуваат дека во февруари просечната плата изнесувала 27,206 денари, во март се забележува намалување од 784 денари, па мартовската просечна плата изнесува 26.422 денари. Сепак, трендот на намалување продолжува и во април со намалување од 592 денари и априлската плата е сведена на 25.830 денари.Со тоа, разликата помеѓу платите во февруари и април изнесува 1376 денари, велат од опозицијата.

Но власта наместо да се залага да го подобри животот на граѓаните, се залага за полнење на нивните џебови. Во ек на пандемија оваа криминогена власт се дрзна да ја поскапи цената на струјата за 7,5%, со што народот ќе го плаќа недомаќинското работење на енергетските компании од кои Заеви на различни начини испумпуваат милиони евра.Неспособноста на власта се гледа и по пропаѓањето на Еуростандард Банка. Според извештаите по пропаѓањето на оваа банка само околу 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки, што значи дека околу 90.000 граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.Оваа влада е со краток рок на траење. Од нејзе можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ