Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот раст во современите економии. Заштитата, пак, на иновациите, односно правата од интелектуална соспственост е исто така услов за развој на економијата преку зголемен број странски инвестиции, беше речено на денешната конференцијата „Трансфер на технологија и права на интелектуална сопственост во Република Македонија“, организирана по повод 25-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.
Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот развој во една земја, особено на среднорочен и долгорочен план. Истражувањата говорат дека бројот на директни странски инвестиции е во правопропорционален сосоднос со степенот на заштита на правата од интелектуална соспственост, однсно колку повеќе државата ги штити правата од индустриска сопственост, толку повеќе ќе може да смета на странски инвестиции, рече во обраќањето министерот за економија Крешник Бектеши.
Жељко Топиќ, заменик претседател на Европскиот патентен завод смета дека воспостувањето на национален систем култура за интелектуална сопственост е значајно за растот на националната економија, заснован врз знаење и иновативност.
Користењето и длабоко суштинско разбирање на патентниот систем и вредноста на патентите е главен предуслов за економски развој во една современа економија. Тие се силен потик за иновација и за комерцијализирање нови технологии, рече Топиќ.
Директорот на ДЗИС Сафет Емрули информира дека пред Заводот се пријавени повеќе од 32 илјади трговски марки, 10 илјади патенти и над илјада пријави за индустриски дизајн.
Регистрирани се, додаде тој, над 26 илади трговски марки, 9.000 патенти, а заштитени се неколку десетици географски називи од кои, како што рече, за пет е обезбедена и реализирана меѓународна заштита.
Comments are closed for this post.