Заев и екипата фатени во рекетарскиот октопод се водат од максимата „нишај ја колата да изгледа дека се движи“, а колата е во дефект.  Тоа е единственото објаснување на денешниот Фејсбук статус на Зоран Заев, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Единствената инфраструктура која што криминалната власт ја има направено е рекетарската инфраструктура во која дебело се вмешани и Заев, но и Катица Јанева, СЈО, министри, пратеници и функционери на СДСМ. Боки Тредичи самиот признава дека со Заев е зборено за рекетирањето и тој нема да прави проблем со тоа, туку напротив на честите средби договарале менаџирање и конструкции. За тоа колку Заев и Боки Тредичи биле блиски говорат заедничките фотографии, соработки и поддршки кои заедно си ги давале, а постојат сериозни индиции дека остварувале и поголем број други неофицијални контакти и средби, велат  од ДПМНЕ

Што се однесува до инфраструктурата која е во интерес на граѓаните, нема многу да коментираме, туку ќе посочиме дека Заев се кити само со туѓи перја. За нивната неспособност да направат нешто друго, освен рекет, криминал и корупција, доволно говори реализацијата на капитални инвестиции до месец јуни која изнесува бедни 20,33%, посочуваат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ